Калед Валид го напушти Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека спогодбено е раскинат договорот со Калид Валид од Египет.

“Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со ракометарот Мохамед Калид Валид пред истекот. Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена. Во нашиот дрес Калид Валид го освои Суперкупот на Македонија и имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите и Суперлигата. Клубот му се заблагодарува на соработката и му посакува успех во понатамошната кариера”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *