Француската репрезентативка Калиадату Ниакате е ново засилување на Будуќност за следната сезона.
27-годишниот лев бек, доаѓа од редовите на ЦСМ Букурешт, а во претходната кариера настапуваше и за француските клубови Изи Париз, Нант и Брест. Ниакате за репрезентацијата настапуваше на 42 натпревари и постигна 61 гол.
(фото – ЖРК Будуќност)📷