Камил Шипжак

Камил Шипжак го продолжи договорот со ПСЖ

Екипата на ПСЖ го продолжи договорот со уште еден важен играч, станува збор за пикерот Камил Шипжак.

Тој го продолжи договорот до 2023 година, што значи полскиот пикер ќе остане уште две сезони во екипата на ПСЖ. Камил Шипжак има настапувано за Висла Плоцк и Барселона.

Претходно договорите ги продолжија Никола Карабатиќ, Хенрик Тофт Хансен, а претставен беше и Давид Балагер кој доаѓа во екипата на ПСЖ следната сезона.

(фото – Рк ПСЖ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести