Кармен Мартин од следната сезона во Савехоф

Шпанската репрезентативка Кармен Мартин која има 33 години, во новата сезона ќе ја гледаме во дресот на Савехоф.

Таа си заминува од екипата на ЦСМ Букурешт, и потпиша договор со шведскиот тим Савехоф, таа настапува на позиција десно крило, договорот е потпишан на две години.

Претходно настапуваше за Ница од Франција, Крим Меркатор, ЦСМ Букурешт, и во новата сезона ќе настапува во екипата на Савехоф.

Регрутирањето на Кармен е во согласност со нашите амбиции. Сакаме да бидеме најдобри и таа е една од најдобрите. Со Кармен добиваме искусен тип на победник кој е навикнат да игра брз ракомет и не се плаши да преземе одговорност, вели Емил Бергрен, спортски менаџер на Савехоф.

(фото-ЖРК Савехоф)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести