Каспер Кисум го напушти тимот на Еурофарм Пелистер

Од екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објавија дека е спогодбено прекината соработката со ракометарот од Данска, Каспер Кисум.

“Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката. Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на клубот и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона. Кисум во првиот дел од сезоната постигна 12 голови во Лигата на шампионите, а редовно го носеше зелено-белиот дрес и во Супер лигата. Со неговата професионалност и неспорен квалитет клубот доби големи придобивки во неговиот едногодишен престој во Битола и вратите од клуб секогаш ќе бидат отворени за Каспер Кисум. РК Еурофарм Пелистер му посакува приватни и професионални успеси на Каспер Кисум”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести