Каспер Кисум го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер за уште една сезона

Данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжи договорот со екипата на Еурофарм Пелистер за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија.

30-годишниот Кисум на почетокот од годината пристигна во Битола и даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната., посебно во натпреварите од плеј-офот на Супер лигата.

Поранешниот ракометар на Сондејиске мина низ многу етапи во кариерата, играше и за Хановер, Фленсбург во Бундеслигата и Тулуз во француското првенство, а сега ќе продолжи да тресе мрежи во Македонија.

“Кисум треба да биде додадена вредност на нашиот пат во Лигата на шампионите. Со нетрпение го очекуваме на почетокот на подготовките на 19 јули”, – изјавија од Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести