Данскиот интернационалец Каспер Кисум ги мина медицинските тестови по пристигнувањето во Македонија и денес официјално беше претставен пред медиумите во Битола.
30-годишниот Кисум доаѓа во Еурофарм Пелистер од Сондерјиске и попладнево за првпат ќе тренира со своите нови соиграчи. Неговото деби се очекува в сабота на натпреварот против Бутел Скопје.
“Многу сум среќен што сум тука и моите први импресии се многу позитивни. Ги запознав луѓето до клубот, а попладнево првпат ќе тренирам со новите соиграчи. Малку видов од градот, убав е, а и ми допаѓа времето тука. Подобро е отколку во Данска. Едвај чекам да започнам да играм”, – изјави Каспер Кисум.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷