Турскиот тим Кастамону се засили со репрезентативката на Ангола, Азенаиде Карлос која доаѓа од екипата на Рапид.
Азенаиде Карлос освен за Рапид, настапуваше и за Подравка и Бера Беру, а настапува и за репрезентацијата на Ангола.
“Многу сум среќна и возбудена што ќе се приклучам на семејството Кастамону. Со нетрпение очекувам да се сретнам со моите нови соиграчи и да дадам се од себе за тимот. Тоа ќе биде поинакво искуство и јас сум подготвена за тоа,” – изјави Азенаиде Карлос.

(фото-ЖРК Кастамону)📷