Екипата од Турција, Кастамону се засили со данската репрезентативка, Симоне Бем која доаѓа од екипата на Шиофок од Унгарија.
Репрезентативката на Данска, Симоне Бем настапува за Шиофок, а претходно настапуваше и за Силкеборг, Виборг, ЦСМ Букурешт, настапува и за репрезентацијата на Данска.
„Многу сум среќна и возбудена што ќе играм во Кастамону. Со нетрпение очекувам да се сретнам со моите нови соиграчи, да играм во Лигата на шампионите и да имам нови авантури во Турција. Ќе дадам се од себе и ќе се борам напорно за тимот,“ – изјави Симоне Бем.
(фото-ЖРК Кастамону)📷