Екипата на Еурофарм Пелистер и ракометарот Кајо Цикатиќ спогодбено ја прекинаа соработката, па така пикерот ќе си бара нов клуб.
“РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со ракометарот Кајо Цикатиќ пред планираниот истек. На пријателски начин ракометарот и клубот одлучија да ги раздвојат своите патови по шест месеци соработка”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.
Цикатиќ дојде во Битола од хрватскиот клуб Горица во летото 2024 година. Во битолскиот дрес настапи во домашното првенство и Лигата на шампионите.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷