Квалификации за ЕП 2022 (жени): Германија ја совлада Грција, Унгарија подобра од Португалија

Селекцијата на Германија ја совлада Грција со убедливи 11-40 и се пласира на Европското првенство во 2022 година. Најефикасна во селекцијата на Германија беше Штокшладер со шест погодоци, додека кај селекцијата на Грција најефикасна беше Чаципарадису со четири погодоци.

Унгарија славеше против Португалија со конечни 18-30 и обезбеди пласман на Европското првенство во 2022 година. Најефикасна кај селекцијата на Унгарија беше Анет Ковач со пет погодоци, додека кај селекцијата на Португалија најефикасна беше Беатриз Соуса со три погодоци.

Резултати од квалификациите за Европското Првенство во 2022 година (жени):

Грција 11-40 Германија

Португалија 18-30 Унгарија

Белорусија 0-10 Холандија службена

ЕХФ Еуро Куп (жени):

Словенија 28-33 Црна Гора

Македонија 18-24 Норвешка

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.