Квалификации за СП: Израел подобар од Молдавија, Белгија поуспешна од Турција

Репрезентацијата на Израел беше подобра од Молдавија со 42-31 во натпревар од квалификациите за Светското првенство. Исто така Белгија беше поуспешна од Турција на домашен терен со 37-28.

Во вториот ден, Грција го совлада минимално Косово со 26-25 во квалификациите за Светското првенство и обезбеди пласман во баражот. Селекцијата на Романија ја совлада Молдавија со конечни 33-23. Најефикасен во Романија беше Габриел Чумпаничи со пет погодоци, додека кај репрезентацијата на Молдавија најефикасен беше Роман Додича со осум погодоци.

Резултати од квалификациите за Светско Првенство (мажи) 2. коло:

Израел 42-31 Молдавија

Романија-Кипар одложено

Резултати од квалификациите за Светско Првенство (мажи) 4. коло:

Белгија 37-28 Турција

Грција 26-25 Косово

Резултати од квалификациите за Светско Првенство (мажи) 3. коло:

Израел-Кипар одложено

Молдавија 23-33 Романија

Резултати од баражот за Европско Првенство (мажи):

Финска 30-23 Грузија

Латвија-Бугарија одложено

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести