Од следната сезона познатиот германски спортски бренд Кемпа ќе биде официјален клупски партнер за спортска опрема на Вардар 1961.
Договорот меѓу Вардар 1961 и Кемпа денеска беше потврден со присуството на Тим Гротхаус, главниот за спонзорства во Кемпа на прес конференција во Скопје.
Соработката меѓу 15-кратниот првак на Македонија и двоен европски првак, и германскиот бренд е на три години, и сите категории во клубот, од најмладите категории во клубот, до сениорскиот тим, сите ќе ја носат опремата од брендот Кемпа. Истото се однесува и за топките со кои ќе игра Вардар 1961 во следните сезони.

(фото – Рк Вардар 1961)📷