Ракометарите на Киелце славеа и на вториот натпревар против Монпелје со 30-22 и се пласираа на Ф4 турнирот во Келн.
Киелце добро го започна натпреварот, и на пауза замина со предност од 15-8. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Киелце за на крај да го совлада Монпелје.
Најефикасен во екипата на Киелце беше Арцем Каралек со седум погодоци, додека кај екипата на Монпелје најефикасен беше Жулиен Бос исто така со седум погодоци.
(фото-ЕХФ)📷