Екипата на Киелце во новата сезона влегува со нов спонзор, но и со ново име, откако претседателот Бертус Сервас го напушти тимот.
Бертус Сервас по 21 година помината во клубот реши да го напушти, па така тимот доби нов сопственик во името на компанијата Индустрија Киелце.
Магдалена Счукиевич е нова претседателка на клубот, додека вице претседател ќе биде Павел Папај.
(фото – Рк Киелце)📷