Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од составот на Киелце со резултат 24-21 во натпревар од Лигата на шампионите.
Иако тимот на Киелце во првото полувреме направи висока предност, сепак Еурофарм Пелистер успеа во второто да намали, но не доволно за победа.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Радивојевиќ со шест гола, додека кај екипата на Киелце најефикасен беше Ојленичак со пет гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷