Екипата на Кил го освои Купот на Германија, откако во финалето славеше против екипата на Магдебург со конечни 28-21.
Во првото полувреме предност имаше Магдебург, па на пауза замина со минимална предност од 13-12. Во второто полувреме Кил успеа да се врати и да го совлада тимот на Магдебург.
Најефикасен во тимот на Кил беше Сандер Сагосен со седум гола, а на голот Никлас Ландин имаше 14 одбрани, кај екипата на Магдебург најефикасен беше Магнусон со седум погодоци.

(фото-Рк Кил)📷