Екипата на Ле Самбр Авенуа каде што настапува македонската интернационалка Јована Кипријановска, го совлада тимот на Сен Аман и обезбеди пласман во третата рунда во францускиот Куп.
Ле Самбр Авенуа славеше против Сен Аман со резултат 29-25, исто така и на полувреме Авенуа имаше предност од 14-11.
Јована Кипријановска на овој натпревар имаше постигнато два погодоци, а исто така играше и во одбраната.
(фото – ЖРК Ле Самбр Авенуа)📷