Кире Лазаров: Можам да ветам дека нема да го потцениме противникот

Во рамки на 2. коло од Европскиот Куп на ЕХФ, во првиот меч на домашен терен Алкалоид ќе се соочи со литвански Драгунас Клаипеда. Ривалот пред медиумите го најави тренерот Кирил Лазаров.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Драгунас Клаипеда се игра во сабота (19 октомври) со почеток од 19:00 часот во салата „Автокоманда“.

„Драгунас Клаипеда игра во висок ритам, со многу трчање и многу голови. Ние сме цврсто на земја заедно со играчите, добро се подготвуваме и можам да ветам дека нема да го потцениме противникот. Очекувам квалитетен меч, убав ракомет за око. Испраќам покана до навивачите, да дојдат во салата Автокоманда и да бидат поддршка на овој млад македонски тим“, – изјави тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров.

(фото – Рк Алкалоид)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *