Екипата на Алкалоид одржа прес-конференција на која го најави реваншот со бундеслигашот Хановер во квалификациите за Европската лига на ЕХФ.
Натпреварот се игра во сабота со почеток од 19:30 часот во салата „Автокоманда“, а ќе биде посебен момент за тимот затоа што пред стартот на мечот ќе го добие пехарот во Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето.
„Во сабота е убав ден, затоа што ќе го подигнеме европскиот пехар кој го освоивме лани со македонски тим и кој е базиран на македонски играчи. Сакам еден комплетен натпревар, им кажав на играчите дека мора сите да го оставиме срцето на терен заради нас, заради проектот, заради навивачите. Се гледаме во сала“, – изјави тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.
(фото – Рк Алкалоид)📷








