Кире Лазаров ги одреди 18 ракометари за Мундијалот

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави конечниот список на ракометари за настап на Мундијалот во Полска и Шведска.

На списокот повикани се 18 ракометари. Македонија е во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.

Голмани: 
Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар 1961)

Леви крила: 
Дејан Манасков (Вардар 1961), Петар Атанасијевиќ (Еурофам Пелистер 2)

Леви бекови: 
Филип Талески (Вардар 1961), Иван Џонов (Тинекс Пролет)

Средни бекови: 
Филип Кузмановски (Хановер), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)

Десни бекови: 
Томислав Јагуриновски (Пролет), Мартин Серафимов (Алкалоид)

Десни крила: 
Гоце Георгиевски (Вардар 1961), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)

Кружни напаѓачи: 
Никола Маркоски (Алкалоид), Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Костадин Петров (Тор)

Дефанзивец: 
Михајло Младеновиќ (Алкалоид)

(фото – Ракометна Федерација на Македонија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести