Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари за натпреварите со Луксембург и Турција.
На списокот повикани се 35 ракометари. Во репрезентацијата се враќаат Гоце Георгиевски и Филип Талески, додека пак го нема Дејан Манасков.
Македонија ќе игра на гости против Луксембург на 27 април, додека дома ќе ја пречека Турција на 30 април.
(фото – РФМ)📷