Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани играчи за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
На списокот повикани се 21 ракометар. Во рамки на машката ЕХФ недела, машката сениорска селекција ќе ги одигра натпреварите од 5. и 6. коло во квалификацискиот циклус против репрезентациите на Естонија на гости и против Литванија на домашен терен.
Собирот се закажува за ден 4. Мај 2025 година (недела) со почеток во 15:30 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.

(фото – РФМ)📷