Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со коментар по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата 1 против репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.
„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Париз 2024 година“, – изјави селекторот Кире Лазаров.
(фото – РФМ)📷