Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, на свечена церемонија во Националната опера и балет, ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024 година.
За најдобар тренер и селектор за 2024 година беше прогласен Кире Лазаров, кој е тренер на Алкалоид и селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
„Сакам да се заблагодарам за наградата за тренер на годината. Задоволство ми е што сум ваш избор. Посакувам многу успеси на сите репрезентации во иднина. Тие го обединуваат народот и мора да вложуваме повеќе за да ги израдуваме навивачите“, – изјави Кире Лазаров.
(фото – РФМ)📷