Кире Лазаров и Душан Новокмет повторно се сретнаа (ФОТО)

Екипата на Алкалоид ги заврши подготовките, кои ги одвиваше во Србија, а македонскиот тим имаше добри резултати.

На последната средба помеѓу Алкалоид и УБ од Ваљево, се сретнаа Кире Лазаров и некогашниот македонски репрезентативец и легенда на Пелистер, Душан Новокмет.

Лазаров и Новокмет играа заедно во сезоната 1997/1998. Новокмет играше за Пелистер од 1993 до 1998 година, а доби и македонско државјанство, и настапуваше за репрезентацијата на Македонија, на ЕП 1998 година.

(фото – Рк УБ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести