Селекторот на машката сениорска селекција Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против селекцијата на Фарски Острови за пласман на СП 2025 година.
Машката сениорска селекција првиот натпревар од баражот ќе го одигра на гостински терен на 08.05.2024 година (среда) со почеток во 20:00 часот, а реваншот е закажан за 12.05.2024 година (недела) во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 19:00 часот. На списокот повикани се 36 ракометари.

(фото – РФМ)📷