Кире Лазаров објави списокот за квалификациските натпревари со Словенија за пласман на ЕП 2026 година

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари против Словенија за пласман на ЕП 2026 година.

Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе одигра два натпревари против селекцијата на Словенија.

Нашата сениорска репрзентација првиот натпревар ќе го одигра во СЦ “Борис Трајковски”, во Скопје на 12.03.2025 година со почеток во 20:00, а потоа на 16.03.2025 година ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се одигра во Копер со почеток во 18:30 часот.

На списокот повикани се 20 ракометари, а има и 8 резерви. Собирот се закажува за ден 09-ти Март 2025 година (недела) со почеток во 13.30 часот во Хотел
Александар Палас во Скопје.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/spisok-za-sobir-maska-seniroska-reprezentacija-mkd-slo-28022025.pdf

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *