Кирил Лазаров: Наша цел е победа против Вест Виен

Екипата на Алкалоид е пред својот втор европски двомеч сезонава. Викендов ќе ги одигра двата натпревари од третото коло од ЕХФ Европскиот Куп против екипата на Вест Виен од Австрија.

Тимот на Алкалоид одржа прес конференција на која натпреварот го најави тренерот Кирил Лазаров.

„Гледачите во рок од 48 часа ќе можат да гледаат два добри натпревари. Наша цел е победа, но за тоа треба да одиграме. Мораме да бидеме максимално сериозни во пристапот. Се надевам дека ќе има што повеќе публика во Автокоманда. Овие момци во периодот во кој измина заслужија да имаат поддршка, особено на европски натпревари“, – изјави тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.

Натпреварите ќе се играат во петок (29.11.2024 година) и во сабота (30.11.2024 година) во салата „Автокоманда“ со почеток во 19:00 часот.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *