Кирил Лазаров објави список кај сениорите за ЕХФ Неделата

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за претстојната ЕХФ Недела.

Во репрезентацијата на Македонија се враќа Дејан Манасков, додека во резерви се Филип Талески, Милан Лазаревски, Никола Маркоски, Марко Митев, Томислав Јагуриновски, Никола Костески и Петар Атанасијевиќ.

Во рамки на ЕХФ Неделата нашите ракометари ќе одиграат две контролни пријателски средби против сениорската селекција на Јапонија.

Наптреварите се предвидени да се одиграат на 30.11.2025 година (четврток) во спортската сала “Автокоманда” (натпревар од затворен тип) и на 01.11.2025 година (сабота) со почеток во 16:30 часот.

Собирот се закажува на ден 27.10.2025 (понеделник) во 13:30 часот во хотел Александар Палас.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2025/10/21.10.2025-a-selekczija.pdf

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *