Екипата на Алкалоид е пред нов европски предизвик. Тимот е во исчекување на мечот од полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ, каде ќе се соочи со Рунар Сандефјорд од Норвешка.
Пред медиумите како увертира за првиот натпревар говореше тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.
„Пласманот во полуфиналето со македонски сили секако дека е успех, се надевам дека ќе имаме сила и енергија по тешките мечеви на домашната сцена да излеземе на терен и да водиме борба во целите 60 минути со Рунар, знаејќи го нивниот скандинавски стил”, – изјави тренерот Кирил Лазаров.
(фото – Рк Алкалоид)📷