Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров останува селектор до 2029 година.
Ракометната Федерација на Македонија ја потврди соработката на социјалните мрежи дека Кирил Лазаров останува селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
“Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.

(фото – РФМ)📷








