Македонската ракометна репрезентација во Скопје го имаше првиот собир пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Избраниците на Кирил Лазаров во првите два квалификациски меча ќе ги одмерат силите со Естонија и Литванија.
“Искуството како играч и тренер ми кажува дека секогаш треба да бидеме внимателни. Имаме доста материјали од двете селекции, јас сум добро подготвен. Имаме доста информации. Ќе видиме како ќе се однесуваат нашите ривали. Не бегаме од фаворитската улога, мислам дека ќе биде многу потешко против Литванија, сериозна селекција, репрезентација со традиција. Очекувам тежок и неизвесен натпревар во Вилнус”, – изјави селекторот Кирил Лазаров.
(фото – РФМ)📷