Кирил Лазаров: Треба да бидеме задоволни од ждрепката

Македонија ждрепката ја дочека како носител и во баражот и ќе играме против победникот од дуелот помеѓу Украина и Словачка.

Првите реакции од нашиот табор беа реални и оптимистични. Селекторот Кирил Лазаров повика на претпазливост и сериозен пристап, баз разлика против кој ривал ќе играме.

„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“, – изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров.

(фото – Фејсбук/Кирил Лазаров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *