Тренерот Кирил Лазаров во новата сезона ќе има 23 играчи на располагање. Стратегот на Алкалоид е задоволен од она кое го виде на првата прозивка во „Автокоманда“ и верува во нови успеси.
„Целата стратегија на РК Алкалоид и поставеноста на клубот е од година в година да се прави чекор понапред. Не сакаме тие чекори да бидат крупни, туку да одиме постепено и да го развиваме клубот. Јас како тренер сум среќен и горд што и оваа сезона останавме со истиот македонски концепт. Позитивен сум од она што го имаме во моментов и со кое располагаме за сезоната…“, – изјави тренерот Кирил Лазаров.
(фото – Рк Алкалоид)📷