Кичево ја забележа првата победа во Првата лига, совладана Јехона

Тимот на Кичево 2020 ја забележа првата победа во Првата лига, откако на домашен терен ја совлада екипата на Јехона со минимални 23-22.

Во првото полувреме Јехона го имаше водството, па на пауза замина со предност од 16-13. Во второто полувреме екипата на Кичево 2020 успеа да направи пресврт, за во финишот да се радува на победа против Јехона.

Најефикасен во екипата на Кичево 2020 беше Кристијан Смилески со девет погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Адис Салиу исто така со девет погодоци.

(фото-Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.