Кичево 2020 го совлада тимот на Бисинов и се пласираше во плеј-офот од Првата лига

Ракометарите на Кичево 2020 славеа на гостувањето кај екипата на Бисинов Фруит Ленд со 33-21 и се пласираа во плеј-офот од Првата лига.

Тимот на Кичево 2020 во текот на целиот натпревар беше во водство, па така до крајот беше обезбедена победата против Бисинов Фруит Ленд.

Најефикасен во тимот на Кичево 2020 беше Кристијан Смилески со девет гола, додека кај екипата на Бисинов Фруит Ленд најефикасен беше Александар Ристовски со пет гола.

(фото – Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести