Екипата на Кичево 2020 славеше победа на гостувањето во Гостивар кај екипата на Јехона со резултат 42-31 во Првата лига.
Кичево 2020 на полувреме имаше солидна предност од 17-11. Во второто полувреме Кичево 2020 немаше проблеми да дојде до победа против Јехона.
Најефикасен кај екипата на Кичево 2020 беше Дарко Јаневски со десет погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Филип Илиески со осум погодоци.
(фото – Рк Кичево 2020)📷