Екипата на Кичево 2020 забележа победа на гостувањето кај екипата на Текстилец со 29-24 во плеј-аутот од Првата лига.
Тимот на Кичево 2020 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 18-10.
Најефикасен во тимот на Кичево 2020 беше Стефан Стефаноски со 13 погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Дарио Јорданов со 9 погодоци.
(фото – Рк Кичево 2020)📷