Кичево 2020 со висока победа кај Партизан Гевгелија

Ракометарите на Кичево 2020 забележаа висока победа на гостувањето кај екипата на Партизан Гевгелија со конечни 26-35 во плеј-аутот во Првата лига.

Кичево 2020 во првото полувреме го презеде водството, и на пауза замина со предност од 11-22. Во вториот дел Кичево 2020 ја завери високата победа во Гевгелија.

Најефикасен во екипата на Кичево 2020 беше Петар Јолески со шест погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Ѓорѓе Банцалиски со десет погодоци.

(фото-Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.