Ракометарите на Кичево 2020 се радуваа на победа против Астраион, откако триумфираа со 38-32 во 2. коло од Првата лига.
Екипата на Кичево 2020 и на полувреме имаше водство од 19-15. Во второто полувреме Астраион се обидуваше да се врати, но победата остана за Кичево 2020.
Најефикасен во редовите на Кичево 2020 беше Стефан Стефаноски со 11 погодоци, додека кај Астраион најефикасен беше Кире Георгиев со 9 погодоци.
(фото – Рк Кичево 2020)📷