Составот на Кичево 2020 забележа убедлива победа против тимот на Борец со високи 52-28 во плеј-аутот од Првата лига.
Кичево 2020 од почетокот на натпреварот направи висока предност, па на крај да се радува на победа против Борец.
Најефикасен во составот на Кичево 2020 беше Стефан Стефаноски со 17 голови, додека кај Борец најефикасен беше Душан Крстевски со 8 голови.
(фото – Рк Кичево 2020)📷