Кичево 2020 убедлив против Борец

Екипата на Кичево 2020 забележа убедлива победа против екипата на Борец со резултат 46-32 во плеј-аутот од Првата лига.

Тимот на Кичево 2020 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше високи 21-11.

Најефикасен во редовите на Кичево 2020 беше Стефан Стефаноски со 17 погодоци, додека кај Борец најефикасен беше Мартин Бурчески со 9 погодоци.

(фото – Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести