Кичево 2020 убедлив против Партизан Гевгелија

Ракометарите на Кичево 2020 забележаа убедлива победа против составот на Партизан Гевгелија со конечни 43-30 во плеј-аутот во Првата лига.

Кичево 2020 на пауза замина со 22-17. Во второто полувреме Кичево 2020 направи добра серија за на крај да слави победа против Партизан Гевгелија.

Најефикасен во екипата на Кичево 2020 беше Владимир Новески со десет погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Ѓорѓе Банцалиски со 17 погодоци.

(фото-Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.