кичево 2020

Кичевчани освоија три бода на гостувањето кај Текстилец

Ракометарите на Кичево 2020 забележаа триумф кај екипата на Текстилец со конечни 29-24.

Во првиот дел од натпреварот екипата на Текстилец беше подобра, и на полувреме замина со минимално водство од 13-12. Во вториот дел од натпреварот со добра одбрана и добар напад екипата на Кичево 2020 успеа да слави на гостувањето во Штип.

Најефикасен во екипата на Кичево 2020 беше Мојсе Тасески со 13 погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Никола Јованов со шест погодоци.

Рк Текстилец 24-29 Рк Кичево 2020

(фото-Рк Кичево 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести