Клеа Ајвази од Косово го засили тимот на Чаир

Екипата на Чаир го донесе првото засилување за новата сезона, каде тимот влегува со големи амбиции.

Станува збор за репрезентативката на Косово, Клеа Ајвази, која има 18 години, и доаѓа од екипата на Приштина.

„Многу сум среќна што сум дел од тимот како Чаир. Задоволство ми е што добивам шанса да дојдам тука и да бидам единствениот ракометар од Косово кој игра во Супер лигата на Македонија. Ќе работам напорно за да ја наградам довербата на клубот. Знам дека конкуренцијата е одлична и дека Чаир бара многу работа, но овој предизвик го прифатив со желба и убедување дека ќе дадам се од себе“, – рече Клеа, по официјалното потпишување на договорот со клубот Чаир.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести