Пред извесно време јавно беше објавено на социјалните мрежи дека општина Аеродром финансиски ќе го помогне Рк Вардар 1961.
Раководството на клубот преку социјалните мрежи испрати голема благодарност на Општина Аеродром за помошта.
“Убаво е кога имаш партнери кои препознаваат што е европски бренд, го поддржуваат квалитетот, и имаат желба да помогнат да се задржат постигнатиот рејтинг и резултатите, па и да се оди чекор напред. Вие верувате во нас, а ние ќе ви покажеме дека довербата е взаемна. Општина Аеродром и г-дин Тимчо Муцунски, Ви благодариме! Одиме напред!”, – стои во соопштението од Вардар 1961.
(фото-Рк Вардар 1961)📷