На денешен ден 19.05.2002 година екипата на Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во Македонија, откако го крена пехарот во Лигата на шампионите.
На 19 мај 2002 година екипата на Кометал Ѓорче Петров во финалето ја совладаа екипата на Херц Ференцварош со 26-22. Првиот натпревар во Унгарија заврши со пораз од два гола на Кометал Ѓорче Петров од 25-27. Но во реваншот во Кале, Кометал славеше со поголема разлика и го освои пехарот во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Дел од шампионскиот тим беа Нацева, Кастратовиќ, Велкова, Абрамова, Радуловиќ, Озел, Бујанова, Кисељева, Дину, Тодоровска, Будимир…
(фото – Архива)📷