Вујо

Комити му се заблагодарија на Веселин Вујовиќ за досега сработеното во Вардар!

Навивачката група Комити, која на секој натпревар е подршка на Вардар му се заблагодарија на Веселин Вујовиќ за досега сработеното во екипата на Вардар.

Во соопштението на навивачката група Комити се вели:

Го зема приматот од Пелистер а потоа и од Металург…Направи тим кој потоа се надогради и стана Европски првак…Природно, создаде посебна хемија со публиката…Стана икона на Комити !Знаеше кога да го искористи своето влијание…Од обичен натпревар знаеше да направи шоу…Умееше да добие загубен меч…Мајстор за подигање атмосфера…Ни предизвикуваше насмевки…Ни ги насолзуваше очите…Ни ги растреперуваше срцата…Стана Вардарова легенда !Носеше наши реквизити…Не засака нас како и ние него…Секогаш беше со нас, а и ние со него…Беше со нас во сите војни и битки !Се заљуби во Вардар…Го сакаше од почеток, ќе го сака до крај…Кога требаше застана и за Фудбалскиот клуб !Си купи билет за спас на Вардар !Беше и остана ЕДЕН ОД НАС !На Кале испишана историја…Вечно ќе се памети Вујовата мајсторија !Скопје секогаш ќе биде твој дом !Во нашите срца секогаш ќе има место за тебе !Довидување но никогаш збогум !Ти благодариме за се !Засекогаш – ВУЈО МАЈСТОРЕ !

(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести