Екипата на Вардар 1961 доби нов клупски пријател пред дербито со екипата на Еурофарм Пелистер.
Вардар 1961 постојано го зголемува клубот на пријатели и поддржувачи со што трасиран е патот кон стабилен и силен тим.
Нов клупски пријател и еден од гавните спонзори на Вардар 1961 сезонава ќе биде компанијата МТЕЛ – телекомуникацискиот оператор на територијата на Македонија. Договорот е потпишан на една сезона со можност за продолжување на соработката.
“Клубот е среќен што една вака успешна компанија застанува како еден од главните спонзори на клубот во иднина, со што се создаваат потребните услови за постигнување на добри резултати. Им посакуваме Добредојде на нашите нови пријатели”, – изјавија од Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷